„Десничарските популисти наведуваат дека шесте земји биле територија на криминални банди и трговци со дрога, на етно-културни конфликти, на џихадисти за Сирија, радикалниот ислам и висока невработеност кај младите, поради што Германија ќе била преплавена со имигранти“, пишува универзитетската професорката Емилија Целакоска на својот Фејсбук профил.
„Десничарите, изгледа, сѐ убаво си знаат за своите… Дури и да не толкуваме така, зарем не се гледа од ова чудо на АФД, дека само затворен ум гласа за десно – за да се дозатвори.
А затворен ум – врзани раце!
Вмро десничарско да ви решава еднакво за:
– навлаките на седиштата во автобусите,
– колку деца да имате,
– кај да ги „фрлите” ако се со попреченост,
– преку кољачки терористи да ви дефинира што е Македонец,
– да ве прислушкува масовно,
– да ве држи в рака со закони во кои е невозможно да се оствари исправното,
– да ги загрозува воедно студентите и државата со ненормални „државни испити”,
– да го пополни судството со своите маневски некадри – тие се главната кочница за ЕУ – кој ќе ги спасува инаку…
Фала не.
Има да има ЕУ, макар и без фондови, ама со првото Поглавје – Фундаменти (правда, судство…)!“, објави Целакоска.