Во Холандија евтаназирано дете помало од 12 години, потврди владата

Во Холандија за првпат е извршена евтаназија врз дете помало од 12 години, потврди Министерството за здравство на Холандија, при што случајот бил регистриран кон крајот на минатата година и сега е предмет на институционална проверка.

Случајот во Холандија доаѓа по измените на законодавството од 2024 година, со кои во исклучителни околности се дозволува евтаназија за деца на возраст од 1 до 12 години, доколку тие страдаат од неизлечиви состојби и трпат „неподнослива болка без можност за подобрување“.

Според информациите од Холандија, не се објавени детали за идентитетот на детето ниту за неговата дијагноза, со цел заштита на приватноста на семејството. Надлежните институции во Холандија ја разгледуваат целата постапка за да утврдат дали лекарите постапиле во согласност со строгите законски критериуми.

Во Холандија ваквите случаи мора да поминат низ повеќестепена контрола, вклучувајќи медицински комисии и надзор од обвинителството, кое проверува дали се исполнети сите услови.

Законот во Холандија предвидува евтаназијата да се применува само во крајни случаи, кога нема медицинска надеж за подобрување и кога се исцрпени сите форми на палијативна нега. Одлуката мора да биде донесена заеднички од лекарите и родителите.

Овој случај во Холандија повторно ја отвори јавната дебата за границите на медицинската етика, правото на живот и улогата на државата во одлуките за крај на животот.

Најчитано