Иран денес го обвини НАТО за „соучество“ во „нелегалната војна на агресија“ што ја започнаа САД и Израел против земјата. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, реагираше на изјавите на генералниот секретар Марк Руте за „Фокс њуз“ дека „500 американски авиони полетале од американските бази во Италија“ за да ја поддржат заедничката израелско-американска воена операција „Епски бес“ што ја започнаа против Иран на 28 февруари.
Руте, исто така, тврдеше дека аеродромот во Букурешт ги намалил комерцијалните летови за да направи простор за полнење гориво на авионите што се користеле во операцијата и дека меѓу 4.000 и 5.000 борбени летови биле извршени од американски авиони од европските бази за време на конфликтот.
„Ова е јасно и осудувачко признание за активното соучество на НАТО во нелегалната војна на агресија што се води против суверена земја-членка на ОН“, напиша Багаи на X. „Генералниот секретар на НАТО експлицитно ги идентификуваше Италија и Романија како учесници во агресијата против Иран“, нагласи портпаролот.
This is a clear and damning admission of NATO’s active complicity in an unlawful war of aggression against a sovereign UN Member State — a flagrant violation of peremptory norms of international law and the core principles of the UN Charter.
— Esmaeil Baqaei (@IRIMFA_SPOX) June 25, 2026
The Organization and its individual… pic.twitter.com/q2OPKVrSkM
„Овие земји, заедно со сите други европски земји кои ја поддржаа американско-израелската агресија против Иран, мора да им објаснат на сопствениот народ и на светот зошто одлучиле да станат соучесници во овој очигледен чин на агресија и извршување на масовни злосторства против иранскиот народ“, додаде тој.
Италија вчера ги отфрли изјавите на генералниот секретар на НАТО дека стотици американски авиони полетале од италијанските бази за поддршка на воените операции против Иран, велејќи дека Рим одобрил само технички и логистички летови.
