Сончево и топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува денес во Македонија, а максималната температура ќе достигне до 37 степени.
Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност со краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури се движат од 15 до 20 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 29 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне е можна локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 35 степени.
За време на викендот и на почетокот од следната седмица ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време. Температурите насекаде ќе бидат над 30 степени, а наместа ќе се искачат до 39 степени.
Во вторник се очекува зголемена облачност со услови за пороен дожд, додека во среда температурите благо ќе се намалат и времето ќе биде нестабилно со дожд и грмежи.
