Сообраќајот кон Меѓународниот аеродром Скопје е целосно нормализиран, а главниот приод кон терминалната зграда повторно е отворен за возила.
Од аеродромот информираа дека пристапот од правецот на Скопје е прооден и дека сообраќајот се одвива без пречки.
„Главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, од правецот Скопје кон аеродромот, е повторно прооден и сообраќајот се одвива нормално“, соопштија од аеродромот.
Приодот претходно беше затворен, поради што возилата што патуваа кон аеродромот беа пренасочувани. Од аеродромот не соопштија дополнителни детали за околностите поради кои пристапот беше отежнат.
