Над 4.000 е бројот на заболени во Гостивар, водата уште не е исправна

загадување на вода

Зборувајќи за моменталната здравствена состојба на граѓаните од Гостивар министерот за здравство Сашо Клековски истакна дека се забележува намалување на бројот на лица што се јавуваат за лекарска помош.

„Денеска имаме состојба од 80 новопријавени пациенти што е двојно намалување од претходните бројки и дефинитивно сме во надолен тренд. Вкупната бројка на заболени е околу 4.000. Досега сима 750 пријави за заразни болести, а анкетирани се 490, така што можам да кажам дека епидемијата влегува во смирувачка фаза и започнува фазата на целосна епидемиолошка анализа за утврдување на хонологијата на настаните. Во моментот треба да почне да се прави раздвојување на тоа што е заболуваење од епидемија и тоа што е заболени од редовни гастроентерити – изјави Клековски.

Во однос на квалитетот на водата, Клековски порача дека таа се уште не е исправна и дека потребно е уште време за да стане исправна прво за техничка, а потоа и за севкупна употреба.

„За водата да биде безбедна до одреден степен се гледа колку хлор има во водата, а тоа уште го нема постигнато посакуваното ниво. Се прават редовни анализи на водата на повеќе мерни места во моментов, а кога хлорирањето ќе биде на задоволително ниво ќе биде дадена дозволата за употреба за техничка вода““ порача министерот.

Најчитано