Неверојатни цени во Охрид, кафе 220 денари, мало парче пастрмка речиси 4000 денари

Фискална сметка од угостителски објект во Охрид, на која порција пастрмка од 600 грама е наплатена 3.720 денари, предизвика реакции на социјалните мрежи и повторно ги стави летните угостителски цени во градот во центарот на вниманието.

Сметката ја објави Ѓорѓи Галетановски, кој иронично порача дека по ваквите цени наредното лето во Охрид ќе останат само повозрасни странски туристи, додека младите и домашните гости ќе бараат други места за одмор.

Од фотографијата на фискалната сметка се гледа дека производот е евидентиран како „пастрмка на охридски начин“. Количината изнесувала 0,6 килограми, а цената била пресметана по 6.200 денари за килограм, со што крајниот износ достигнал 3.720 денари. Сметката е издадена на 30 јули 2026 година околу 12:59 часот.

Тоа значи дека секои 100 грама од подготвената риба биле наплатени по 620 денари. Цената за порцијата не била однапред фиксирана, туку зависела од тежината на избраната риба.

Ова не е прва реакција на граѓаните за неосновано високите цени на храна и пијалоци во Охрид. Пица во центарот на градот нема под 800 денари, а кафето во зависност од во кој дел го пиете знае да достигне и астрономски 220 денари.

Споредбите со едни од најскапите монденски летувалишта во Европа како што се Дубровник, Монако, Азурен брег покажуваат дека цените се најмалку за една третина поефтини кога се храните во ресторани.

Најчитано