Критично кај Кавадарци: големиот пожар и натаму се шири, пожарникарите се борат со огнената стихија

Состојбата со пожарот кај Кавадарци е критична, а противпожарните екипи и понатаму се на терен во обид да спречат негово понатамошно ширење. Огнената стихија бара максимална ангажираност и постојано следење на состојбата поради неповолните временски услови.

Пожарникарите работат во отежнати услови, а според информациите од надлежните, целосно ставање на пожарот под контрола не се очекува во текот на вечерта. Главен предизвик останува ширењето на огнот на отворен простор и брзото сушење на вегетацијата во услови на високи температури. 

Кавадаречкиот регион и во претходниот период се соочуваше со повеќе пожари на отворен простор, при што пожарникарските екипи интервенираа на различни локации за спречување на поголема материјална штета. 

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат нови пожари, особено во период кога високите температури и сувата вегетација создаваат услови за брзо ширење на огнот.

Екипите ќе продолжат со активностите и во следниот период, а дополнително ќе се проценува состојбата на терен и можноста за целосно локализирање на пожарот. 

Најчитано