Во просториите на ФФМ денеска беше извршена жрепката за сезоната 2026/2027 во Купот на Македонија, а бранител на трофејот е тимот на Силекс.
Сезонава пријавени за учество се вкупно 31 екипа, една помалку од потребните 32. Затоа, според Пропозициите за натпрерварување, првото коло ќе го прескокне бранителот Силекс. Шкендија оваа сезона не учествува во Купот поради суспензијата што ја доби за непојавување церемонијата за доделување на медалите на ланското финале.
ДВОЈКИ – 1/16-ФИНАЛЕ:
Овче Поле Свети Николе – Вардар
Победа Валандово – Струга Трим Лум
Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930
Могила 2023 – Аресими 1973
БВК Коњари – Башкими 1947
Студеничани – Пелистер
Венец Неготино – АП Брера Струмица
Влазними Јуниор – Македонија ЃП 1932
Вардар Неготино – Работнички
Каменица Саса – Шкупи 1927
Тетекс 1953 – Брегалница 2008
Кожуф Гевгелија – Скопје
Детонит Плачковица – Шкендија 77 Арачиново
Новаци 2005 – Охрид Лихнидос
Осогово – Беласица
Слободен во 1/16-финалето: Силекс
Натпреварите од 1. коло ќе се играат на 1 и 2 септември, со исклучок на дуелите Крошу Спорт – Тиквеш и Могила – Арсими, кои ќе се одиграат на 24 септември, а поради учеството на селекција од Битола на квалификациите за УЕФА Регионалниот куп во Босна и Херцеговина.
Домаќини во ова коло се послаборангираните клубови, но ФФМ нагласува дека домаќините мора натпреварите да ги организираат на стадиони што се одобрени најмалку за одигрување натпревари од втора лига.
Новитет сезонава е тоа што сѐ до големото финале ќе се игра само еден натпревар, односно нема да има реванши. Доколку натпревар заврши со нерешен резултат по истекот на регуларните 90 минути, веднаш ќе се пристапи кон изведување пенали. Изминатите три сезони полуфиналињата се играа со реванши.
