„Најголема дискусија се водеше дали ќе има зголемување на цената на електрична енергија. Опозицијата и дел од експертската јавност претпоставуваше дека ќе има енормно зголемување. Но, го зголемивмае производството и благодарение на тоа имаме намалување на центата во првите два блока. Најважно за малите компании е дека цената на електрична енергија се намали за 20 отсто“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусија „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“, од вториот ден од годишната владина конференција „Година на нови можности“.
„Во наредниот период, може да има во одредени сегменти намалување. Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 отсто. Тоа дава основа да правиме пресметски кои ќе доведат да нема зголемување на струја“, вели Ковачевски.
Ковачевски додаде дека помошта од САД е многу значајна, со оглед дека во последните 20 години не сме имале либерализиран увоз на гас.
„Со зголемување на капацитетот на единствениот интерконектор што го имаме со Бугарија и со донесување на под законските акти за либерализација на пазарот за слободно купување на гас, тоа стана реалност. ЕСМ сега може да има надавање од други компании и н гас од други извори“, додаде Ковачевски.