Викендот носи сонце и топлина, но попладне се очекуваат поројни дождови и невреме

Викендот во Македонија ќе започне со сончево и топло време, но во попладневните часови локално ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. На места атмосферските процеси може да прераснат во невреме со силен дожд, ветер и град. 

Според прогнозата, претпладневните часови ќе бидат претежно сончеви и топли. Во текот на попладнето, сепак, се очекува развој на нестабилност, особено во одделни подрачја, каде може да има краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР предупредува дека поради големата енергија во атмосферата, локално невремето може да биде поинтензивно, со силен ветер и појава на град. 

Нестабилното време ќе го зафати и Скопје. Претпладне ќе преовладува сончево и топло време, додека попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси со силен ветер и град. 

Иако временската состојба ќе биде променлива, топлото време ќе се задржи во поголем дел од денот. Според дополнителните прогнози, дневните температури во земјата ќе останат високи, а нестабилноста ќе биде поизразена во попладневните часови.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?