Пензионерите бараат линеарното зголемување на пензиите да влезе во закон

Пензионерите бараат линеарното зголемување на пензиите да биде законски регулирано и во иднина сите пензионери да добиваат ист износ на покачување, наместо пензиите да се усогласуваат процентуално.

Барањето го изнесоа на средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Според нив, со процентуалното зголемување пензионерите со повисоки пензии добиваат поголемо покачување во денари, додека оние со пониски пензии добиваат помал износ.

Тие сметаат дека разликите во висината на пензиите веќе се утврдени врз основа на работниот стаж, образованието, сложеноста на работните задачи и уплатените придонеси во текот на работниот век.

По пензионирањето, како што посочуваат, трошоците за живот растат подеднакво за сите, поради што бараат секое следно зголемување да биде во ист износ за сите пензионери.

Од 1 септември повторно се применува законскиот модел на процентуално усогласување на пензиите, по периодот во кој пензиите се зголемуваа линеарно. Министерот Велковски претходно најави дека септемвриското усогласување се очекува да биде меѓу 3 и 3,5 проценти, а зголемените пензии треба да бидат исплатени на 1 октомври.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?