На 4 октомври, со почеток од 16:00 часот во Јавна соба, Театар за тебе ќе ја претстави премиерата на новата интерактивна и едукативна детска претстава „Бон тон шоу“, наменета за деца 6+.
Што значи да бидеме културни? Како се поздравуваме кога влегуваме некаде? Дали знаеме правилно да користиме прибор за јадење? Како се однесуваме на маса, како чекаме ред и што правиме со телефонот кога сме во друштво?
Низ игра, хумор, музика и директна интеракција со публиката, Вселенко и Марско ги водат децата низ најважните правила на бонтон – но на начин што е далеку од класична лекција.
Посебноста на „Бон тон шоу“ е што fine dining искуството станува дел од самата претстава. Децата не само што гледаат и слушаат, туку активно учествуваат во сцените, разговараат со ликовите и ги применуваат правилата за бонтон директно во текот на претставата.
Fine dining искуството е реализирано со поддршка од Бубало Спот и Горска вода Јуниор.
Преку комични ситуации, Вселенко учи како правилно се јаде, пие вода, се кива, се чека ред и како да го оставиме телефонот настрана кога сме со други луѓе. На крајот, децата заедно со ликовите го полагаат својот мал „испит по бонтон“ и стануваат дел од финалната порака на претставата: бонтонoт не значи да бидеме совршени, туку луѓето околу нас да се чувствуваат убаво кога се со нас.
Премиера: 4 октомври 2026
Време: 16:00 часот
Локација: Јавна соба, Скопје
Возраст: 6+
Претстава: „Бон тон шоу со Вселенко и Марско“
Улоги: Изабела Јакимова и Гоце Андонов / Ева Стојчевска
Текст и режија: Изабела Јакимова
Тематска песна: Дина Јашари
Продуцент и технички координатор: Сара Томевска
Поддршка: Бубало Спот и Горска вода Јуниор

