PR и комуникациски агенции од над 30 земји во Скопје: AI носи промени, но човечкиот фактор останува клучен

агенции

Вештачката интелигенција не го менува само начинот на кој работат комуникациските професионалци, туку и начинот на кој се креираат услуги, се организира работата и се размислува за идниот развој на агенциите.

Тоа беше еден од заклучоците од регионалниот самит на PROI Worldwide, кој вчера и денеска се одржа во Скопје, со учество на 52 претставници на независни PR и комуникациски агенции од повеќе од 30 земји од Европа, Блискиот Исток и Африка. Домаќин на самитот беше ИДЕА ЛАБ – независна македонска PR и комуникациска агенција и единствената агенција од Македонија што е дел од глобалната мрежа PROI Worldwide.

Под темата „The Independent Edge: The Human Advantage in the Age of AI“, во фокусот на дводневната програма беа промените што вештачката интелигенција ги носи во комуникациската индустрија – од новите начини на работа и развојот на креативните процеси, до создавањето нови услуги и решенија за клиентите.

Димитар Атанасовски, ко-сопственик во Идеа Лаб

Преку размена на искуства од различни пазари, учесниците разговараа и за тоа како агенциите можат да ги користат можностите што ги отвора вештачката интелигенција, без притоа да се изгуби она што ја прави комуникацијата суштински човечка – разбирањето на луѓето и контекстот, креативното размислување, искуството и способноста да се донесат вистинските одлуки.

Разговорите во Скопје ја потврдија и потребата од континуирано учење и тестирање на нови пристапи. PROI Worldwide функционира како целогодишна мрежа, со активности кои ги поврзуваат членовите и надвор од главните самити – преку глобални, регионални и специјализирани средби, Growth Week, Frank Tanks, AI Matters, Best of the Best и Innovation Lab, како и преку професионални форуми за кризна комуникација, односи со јавноста и институциите, содржини и креативност, човечки ресурси и финансии.

Наде Темелковска, оперативен директор во Идеа Лаб

„Учесниците на самитот се согласија за важноста на одговорната употреба на вештачката интелигенција и го започнаа процесот на потпишување на PROI Worldwide Responsible AI Pledge – доброволниот кодекс за одговорна употреба на AI во комуникациите. Кодексот става акцент на човечката одговорност и професионалното расудување, точноста и автентичноста на информациите, заштитата на податоците и авторските права, како и на транспарентноста при користење AI кога тоа е важно за разбирањето на содржината од страна на публиката“, вели Ема Темелковска Анчевска, ко-сопственик во ИДЕА ЛАБ.

„Како иницијатори на овој кодекс, ги повикувам и другите македонски PR и комуникациски агенции да го поддржат и потпишат Кодексот, како би можеле заеднички да изградиме поодговорна и заштитена комуникациска средина – во која вештачката интелигенција ќе се користи како алатка за подобрување на креативноста и ефикасноста, а не за манипулација, ширење неточни информации или злоупотреба на довербата на јавноста“, апелира Темелковска Анчевска.

Според неа, одговорноста на комуникциските агенции е да ги заштитат потрошувачите, но и пошироко општеството, од ризиците што можат да произлезат од неодговорната употреба на AI, преку јасни професионални стандарди, транспарентност и човечко расудување.

„Верувам дека токму комуникациската индустрија треба да биде пример за тоа како новите технологии можат да се применуваат одговорно, етички и во интерес на луѓето“, додава Темелковска Анчевска.  

ИДЕА ЛАБ е дел од PROI Worldwide од 2021 година и е единствената македонска агенција во мрежата. PROI Worldwide обединува повеќе од 90 независни PR и комуникациски агенции, со присуство во повеќе од 60 земји.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?