ЕУ го менува правилото за рачен багаж во авион: по повеќе од 20 години, два парчиња без доплата

багаж во авион

Патниците што летаат во рамки на Европската унија наскоро би можеле да имаат право на повеќе рачен багаж без дополнителна наплата. Тоа е дел од голема реформа на правата на авиопатниците и прва поголема измена на правилата од 2004 година.

Европскиот парламент и земјите членки во јуни постигнаа привремен договор за новите правила, пренесува Евроњуз. Според него, патниците со стандардна авиокарта би можеле бесплатно да внесат две парчиња рачен багаж.

Првото е помал личен предмет, на пример рачна торба или ранец, кој мора да собере под седиштето пред патникот. Второто е поголем куфер за во кабина, тежок до седум килограми, чиј збир на димензиите не смее да надмине 100 сантиметри.

Кога ќе почне примената?

Промените би можеле да стапат на сила најрано кон крајот на 2027 година, а како прв можен датум моментално се споменува октомври 2027. Пред тоа, правилата мора да ги поминат преостанатите фази од законодавната постапка на ЕУ.

Што значи тоа за цените на картите?

Според Европскиот парламент, новите одредби им дозволуваат на патниците да внесат личен предмет „без дополнителна наплата“, што значи дека би можеле да се укинат дел од доплатите што авиокомпаниите сега ги наплатуваат за багаж во кабина.

Парламентот одлучи авиокомпаниите и натаму да можат да нудат поевтини карти за патници што ќе одлучат да патуваат без рачен багаж. Сè уште не е јасно како точно ќе изгледа тој систем на цени кога ќе почнат да важат новите правила.

Промените се дел од поширока реформа на правата на патниците во ЕУ, која опфаќа и задоцнувања и откажувања на летови, како и правото на парична отштета.

Извор: Евроњуз, Нова.рс

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?