„Розов пикник појадок“ денеска во Градски парк за поддршка на жените со рак на дојка

Во Градскиот парк во Скопје, кај „Школка“, денеска ќе се одржи „Розов пикник појадок“, настан посветен на поддршка на жените кои живеат со рак на дојка и на подигнување на свеста за значењето на превентивните прегледи и навременото откривање на болеста.

Настанот го организираат здружението ХЕМА-ОНКО и „Medicus Help“, под слоганот „Крилјата различни. Борбата лична. Поддршката заедничка“.

Организаторите велат дека целта е да се создаде простор за поддршка, информирање и отворен разговор за ракот на дојка, но и да се потсети на важноста од редовни превентивни прегледи и препознавање на симптомите.

Програмата ќе вклучува активности и содржини посветени на жените кои се соочуваат со болеста, како и на нивните семејства и пријатели.

На „Розовиот пикник појадок“ се поканети сите граѓани, без оглед на возраста и полот, кои сакаат да дадат поддршка и да придонесат кон поголема информираност за ракот на дојка.

Пораката на организаторите е дека иако секоја борба со болеста е лична, поддршката од заедницата може да биде заедничка.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?