Алкараз во полуфиналето во Токио по предавањето на Шаповалов

Алкараз
Skyscraper2010 – Peter Arnold, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на турнирот во Токио, откако Денис Шаповалов го предаде четвртфиналниот меч при резултат 7:6 (7:3), 2:1 во корист на Шпанецот.

Мечот траеше еден час и 22 минути. Алкараз го доби првиот сет по тај-брејк, а во вториот веќе имаше предност кога Канаѓанецот се повлече.

Шпанецот во текот на мечот не запиша ас, направи една двојна сервис-грешка и искористи три од седум брејк-топки. Шаповалов имаше еден ас и три двојни грешки, а реализираше три од четири можности за брејк.

Во полуфиналето Алкараз ќе игра против својот сонародник Хауме Мунар.

Наградниот фонд на турнирот во Токио изнесува 2,3 милиони долари.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?