СДСМ: Кога Мицкоски најавува поевтинување, цената оди нагоре

СДСМ

СДСМ реагираше на најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека следната недела се очекува поевтинување на бензинот и дизелот, оценувајќи дека Владата задоцнила со мерките, а најавениот ребаланс на Буџетот е признание дека недостигаат приходи.

Од партијата потсетуваат дека уште на почетокот на енергетската криза барале укинување на акцизата, намалување на ДДВ на пет проценти и мерки за ограничување на растот на цените.

Според СДСМ, горивата во меѓувреме достигнале над 100 денари за литар, што се одразило врз транспортот, храната, земјоделството и останатите трошоци за живот.

„Граѓанинот е во загуба двапати – поскап живот, плус враќање на кредитот со камата“, наведуваат од СДСМ.

Партијата реагира и на најавениот ребаланс на Буџетот, откако Мицкоски претходно соопшти дека поради намалените приходи од акциза и ДДВ на горивата може да недостигаат меѓу седум и осум милијарди денари.

„Ребалансот што го најави за овој месец е признание, не победа“, велат од СДСМ.

Оттаму оценуваат дека намалувањето на даночните давачки не е трајно решение доколку падот на буџетските приходи подоцна треба да се покрива со задолжување или кратење на други расходи.

СДСМ ја отвора и темата за паметните броила и се повикува на реакцијата на инженерските здруженија, кои предупредија дека евентуална масовна замена може да создаде дополнителен трошок за домаќинствата.

Партијата тврди дека Владата требало порано да интервенира кај цените на горивата и дека со навремени мерки ударот врз животниот стандард ќе бил помал.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?