Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе се сретне со поранешните претседатели на законодавниот дом.
Средбата е закажана за 13 часот во Охридската сала во Собранието.
Се очекува актуелниот и поранешните собраниски спикери да разменат искуства и ставови за работата и функционирањето на Собранието.
Паралелно, денеска ќе заседаваат и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на двете комисии е Предлог-законот за дополнување на Законот за државните награди, кој треба да се разгледува во прво читање.
