Само 5% имаат целосна доверба во храната што се продава во Македонија

ССМ

Дури 64 отсто од читателите кои гласаа во неделната анкета на Рацин.мк велат дека немаат доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија, додека само пет отсто сметаат дека контролите се доволни и храната е безбедна.

Во анкетата „Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?“ учествуваа вкупно 2.363 читатели.

Најголемата група, 1.511 читатели или 64 отсто, го избра одговорот: „Не, немам доверба дека знаеме што навистина јадеме“.

Уште 466 учесници, односно 20 отсто, велат дека имаат само делумна доверба и сметаат дека се потребни почести и построги контроли.

Тоа значи дека вкупно 84 отсто од оние што учествуваа во анкетата или немаат доверба во системот или сметаат дека сегашното ниво на контрола не е доволно.

Дополнителни 258 читатели, или 11 отсто, одговориле дека не можат да проценат дали храната е доволно контролирана бидејќи немаат доволно информации.

Само 128 учесници, односно пет отсто од вкупниот број гласови, сметаат дека контролите се доволни и дека храната што се продава е безбедна.

Анкетата беше отворена по серија случаи кои повторно го актуализираа прашањето за контролата на храната – уништување земјоделски производи поради недозволени остатоци од пестициди, заплени при увоз и други неправилности утврдени во инспекциски контроли.

Резултатите покажуваат изразена недоверба меѓу читателите што одлучија да гласаат, но и голема потреба за повеќе информации за тоа што, колку често и на кој начин се контролира пред храната да стигне до продавниците и трпезите.

Прашање за оваа недела:

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?