На „Богородица“ запленети седум змии и гуштер

Царински службеници на граничниот премин Богородица, во соработка со полицијата, спречија нелегален внес на седум млади змии и еден гуштер во Македонија. Влекачите беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин, соопшти Царинската управа.

Според соопштението, животните биле спакувани во кутии и марами и скриени под седиштето на возилото.

Меѓу запленетите змии има четири питони, а Царината наведе дека главно станува збор за заштитени видови. Во соопштението е наведена и отровна змија, означена како „Baron sneake“.

Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а Царинската управа поведе соодветна постапка против возачот.

Од Управата потсетија дека меѓународната трговија со заштитени видови е строго регулирана и бара задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна – CITES.

„Секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес“, порачаа од Царинската управа.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?