„11 Октомври“ за четворица, Венко Андоновски порача дека остануваат нови врвови

Државната награда „11 Октомври“ за 2026 година денеска ја примија Венко Андоновски, Димитар Пандев, Ѓулумсер Касапи и Владо Поповски на свеченост во Кристалната сала на Собранието. Признанијата за животно дело во културата, уметноста, науката и образованието им беа врачени по повод Денот на народното востание.

Писателот и универзитетски професор Венко Андоновски ја доби наградата во областа на културата и уметноста. Во науката и образованието, признанието им припадна на лингвистот Димитар Пандев, универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи и Владо Поповски, доктор по историски, политички и правни науки.

Андоновски се заблагодари во име на сите добитници, зборувајќи за стремежот на човекот да ги достигне сопствените животни цели. „Патот до врвот ја чини смислата, а не качувањето на врвот“, рече тој, додавајќи дека и највисоките признанија отвораат нови предизвици.

Во обраќањето ги издвои револуцијата, недостатокот и врвот како поими што го објаснуваат стремежот кон успехот. Потсети дека за постарите генерации недостигот од леб и права бил двигател на нивната борба, додека постигнатите цели отвораат нови лични и творечки височини што допрва треба да се освојат.

Претседателот на Одборот за доделување на наградата, Светозар Антовиќ, истакна дека добитниците имаат различни животни патишта и професионални интереси, но ги поврзува вербата во знаењето, културата и образованието како двигатели на општествениот напредок. Според него, нивниот придонес се препознава и во учениците и студентите што ги инспирирале, книгите што ги напишале и идеите што ги поттикнале.

Антовиќ зборуваше и за одговорноста на денешните генерации да создаваат услови младите да ја гледаат својата иднина во земјата, уметниците слободно да творат, а знаењето и чесната работа да добијат општествено признание. mk.tv21.tv

Наградата „11 Октомври“ претставува највисоко државно признание за животно дело во науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. Одлуката за годинашните добитници ја донесе Одборот за доделување на наградата.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?