[ВИДЕО] Трамп до поддржувачите: Можам да зборувам глупости, а вие ќе ми аплаудирате

Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на поддржувачите во Тенеси дека може „да ги каже најглупавите работи“ и дека тие сепак ќе му аплаудираат.

80-годишниот претседател одржа митинг во Кларксвил, околу 50 милји северозападно од Нешвил, во саботата за дополнително да ги мобилизира своите лојални поддржувачи пред среднорочните избори, објави Републиканскиот национален комитет.

Во еден момент, Трамп се запраша зошто воопшто води кампања во таа држава, со оглед на тоа што републиканскиот сенатор Бил Хагерти и сенаторката Марша Блекбурн, која се кандидира за гувернер, водат во своите трки според анкетите.

„Лесно ми е затоа што има толку многу љубов во овие сали“

„Што правам во Тенеси? Не морам да водам кампања тука. Ја добив вашата држава со голема, голема, голема разлика. Апсурдно голема разлика. Секој пат. Значи, победив на три избори, тие големи избори, три пати. Вториот пат бев измамен. Бев ограбен. Не можеме да дозволиме тоа да се случи повторно“, им рече тој на насобраните.

„Но, реков: „Знаете, понекогаш е убаво да одите на место каде што не мора да бидете, но доаѓате да им се заблагодарите на големите луѓе што ве избрале три пати“, додаде тој, со силен аплауз.

Потоа Трамп раскажа приказна за пријател кој страда од трема и кој го прашал како успева да одржува митинзи пред илјадници луѓе. „Реков: „Знаете, лесно ми е затоа што има толку многу љубов во овие сали““, рече Трамп, со овации и аплауз, пред да додаде: „Точно е“.

Потоа толпата почна да скандира: „Трамп, Трамп, Трамп!“

„Не, вистина е. Има толку многу љубов“, продолжи Трамп, додека поддржувачите скандираа: „Ве сакаме!“

„Мислам дека е неверојатно. Кога стоите тука, ја чувствувате таа љубов. Можам да кажам најглупави работи, а вие ќе ракоплескате. „О, ве сакам толку многу…“ Тоа е вистина“, рече Трамп, според Индепендент.

„Кажуваме работи што имаат смисла и се претежно конзервативни“

„Но, не ги кажуваме најглупавите работи, туку работи што имаат смисла. Кажуваме работи што имаат смисла и се претежно конзервативни. Но, всушност не е прашање на конзервативизам, туку прашање на здрав разум. Сакаме граница, сакаме ниски даноци, сакаме силна војска. Сакаме, знаете, сите овие различни работи. Тоа е само здрав разум“, нагласи тој.

На крајот од говорот, одржан во саботата попладне во арената „Ф&М Банк“, Трамп ги покани републиканските кандидати кои се кандидираа за изборите на сцената и ја повика публиката да излезе на гласачките места и да гласа за нив.

„И јас сум на гласачкото ливче, само преправајте се дека сум на гласачкото ливче“, рече тој, повторувајќи го апелот што го упати многу пати за време на кампањата, вклучително и во неколку клучни држави минатата недела.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?