Пријавување за вакцина против грип преку Mozilla Firefox, советуваат матичните доктори

Граѓаните кои се обидуваат да се пријават за бесплатна вакцинација против сезонски грип се соочуваат со необичен проблем.

Рацин.мк дознава за случаи во кои граѓани, откако не успеале да се регистрираат преку Google Chrome, се обратиле кај своите матични лекари. Оттаму веднаш добиле совет да ја отворат страницата преку Mozilla Firefox, по што успешно ја завршиле регистрацијата.

Тоа што матичните лекари го препорачуваат конкретниот интернет-прелистувач како решение укажува дека проблемот можеби им е веќе познат, иако засега нема официјално објаснување за причините.

Дополнителна забуна создава известувањето што го добиваат некои корисници на Google Chrome дека пријавувањето е завршено. Наместо информација за евентуална техничка пречка, граѓаните добиваат порака од која можат да заклучат дека повеќе немаат можност да се пријават.

Додека не се разјасни проблемот, граѓаните кои не успеваат да се пријават можат да се обидат преку Mozilla Firefox или да побараат помош од својот матичен лекар.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?