Делови од Карпош денеска, 21 октомври, ќе останат без вода, додека планирани прекини на електричната енергија се најавени во Чаир, Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Сопиште. Прекините се поради работи на водоводната и електродистрибутивната мрежа, информираат надлежните служби.
Без вода од 8:30 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Роза Луксембург“, „Диме Аницин“, „Васил Стефановски“, „Петар Поп Арсов“, „Костурски Херои“ и „Борка Талевски“, како и дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Причината е поврзување на нова водоводна мрежа со пречник од 150 милиметри на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на поранешната фабрика „Треска“.
Според најавата на ЕВН Македонија, прекините во снабдувањето со електрична енергија ќе бидат во следните термини:
Во Чаир, од 8 до 11:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Славеј Планина“, „Прохор Пчински“ и „Јоаким Крчовски“.
Во Сопиште, од 9 до 12 часот, прекин ќе има во Горно Соње, на потегот од црквата „Св. Никола“ нагоре.
Во Кисела Вода, од 9 до 12 часот, без електрична енергија ќе останат компанијата СТХ ДОО Скопје во кругот на Стаклара и дел од околните објекти.
Во Аеродром, прекинот ќе трае од 9 до 14 часот и ќе ги опфати корисниците на улиците „Ѓорѓи Капчев“ кај број 31, „Ристо Аврамовски“ и „Димитар Солев“.
Во Бутел, од 9 до 13 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Боро Кралевски“ во Радишани.
Од надлежните служби информираат дека станува збор за планирани технички зафати. За прекинот на водоснабдувањето во Карпош не е наведен точен час на завршување на работите.

