Рама проверува дали студентите можат да му ги превртат и бетонските столчиња

Албанскиот премиер Еди Рама продолжува со обидите да ги повика студентите на дијалог, откако тие два дена по ред ги превртуваа и отстрануваа столчињата поставени пред зградата на Владата во Тирана.

Протестите добија и симболична пресметка околу столчињата. Рама на 20 октомври постави столчиња со натпис „Дијалог“, но студентите ги превртеа и порачаа дека бараат негова оставка, а не разговори. Истата сцена се повтори и следниот ден.

Студентите и универзитетските професори продолжуваат со протестите, незадоволни од состојбите во образованието и од постапувањето на полицијата кон демонстрантите.

Рама тврди дека е подготвен за дијалог без предуслови, но предупредува дека насилството и уништувањето јавен имот нема да бидат толерирани.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?