Србите во Њујорк во пижами чекаа да гласаат во два по полноќ

Стотици српски државјани во два часот по полноќ чекаа пред Генералниот конзулат на Србија во Њујорк да се отвори гласачкото место за денешните парламентарни избори. Дел од нив дојдоа во пижами и бањарки, а имаше и со маски за спиење, јави агенцијата Бета.

Редицата се протегала од зградата на конзулатот до Петтата авенија. Според Бета, за гласање во Њујорк се пријавиле околу 1.600 избирачи.

Ноќниот термин е последица на одлуката на Републичката изборна комисија гласањето во странство да се одвива истовремено со гласањето во Србија. Така, додека во Србија избирачките места се отворени од 7 до 20 часот, во Њујорк се гласа од два по полноќ до 15 часот по локално време.

На ваквиот распоред претходно реагираше опозициската партија Србија центар, која ги повика граѓаните во дијаспората да излезат на гласање во пижами. Повикот беше упатен како симболичен протест поради ноќното гласање, но и до гласачите во другите временски зони, во знак на солидарност.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?