Србија масовно гласа, над 35 проценти излегле до пладне

На вонредните парламентарни избори во Србија до 12 часот гласале 35,1 процент од запишаните избирачи, според процената на Ипсос што ја пренесува порталот „Директно“. Пред избирачките места во повеќе градови од утрината се формираат долги редици, кои траат и во моментов.

Значително поголемиот одѕив го покажаа и претходните податоци на Републичката изборна комисија. До 10 часот гласале 19,72 проценти од избирачите, наспроти 9,94 проценти во истиот период на парламентарните избори во декември 2023 година.

Изборите се одржуваат по речиси две години студентски протести, поттикнати од загинувањето на 16 луѓе при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Студентската листа е главниот предизвикувач на листата предводена од Александар Вучиќ.

За 250 пратенички места се натпреваруваат 18 изборни листи. Гласањето трае до 20 часот.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?