Додека Србија оборува рекорди со излезеност, во Бугарија владее очај

Во Србија до 18 часот гласале 67 проценти од избирачите, според процената на ЦРТА. Во Бугарија, во истиот момент, односно во 17 часот по локално време, излезеноста била 19,4 проценти, според агенцијата „Мјара“. Попладневните процени покажуваат повеќе од тројно поголем одѕив во Србија.

Пред избирачките места во Србија во текот на денот се формираа долги редици. Излезеноста е значително повисока од онаа на претходните парламентарни избори во 2023 година.

Во Бугарија одѕивот расте бавно. Според „Мјара“, до 15 часот гласале 15,1 процент, а два часа подоцна излезеноста се зголемила за 4,2 процентни поени. Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, слабата излезеност ја поврза со оценката дека граѓаните не гледаат кандидат што може да ја обедини нацијата.

Нискиот одѕив има и непосредно значење за исходот на бугарските претседателски избори. За победа во првиот круг, покрај повеќе од половината важечки гласови за еден кандидат, потребно е да гласаат и повеќе од половината избирачи. Доколку излезеноста остане под тој праг, изборите ќе мора да се решаваат во втор круг.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?