Вучиќ призна пораз

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори во Србија, но победата на студентската листа ја припиша на наводна поддршка од одредени европски земји и американската „длабока држава“.

Во своето вечерно обраќање, Вучиќ тврдеше дека студентите биле „подизведувачи“ на туѓи интереси, обвинувајќи странски центри на моќ за вмешаност во изборниот исход.

Тој порача дека нема да ја напушти Србија и покрај изборниот пораз.

„Ќе нè напуштат некои бизнисмени, олигарси, ама ние нема да бегаме“, изјави Вучиќ.

Неговите обвинувања за странско мешање остануваат непоткрепени со докази.

Според првите проценки распределбата е 135 мандати за студентите, 105 СНС.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?