Десетмина уапсени по протестите во Тирана викендов, меѓу нив и германски државјанин

Полицијата во Тирана уапси десет лица, кривично гони уште две, а по 20 лица е распишана потерница поради насилство, напади врз полициски службеници и оштетување државни објекти за време на протестите одржани на 24 и 25 октомври.

Според официјалното соопштение на албанската полиција, приведените се товарат дека за време на собирите употребиле тврди предмети и пиротехнички средства против полициските сили, а оштетиле и фасади и објекти на државни институции.

Меѓу десетмината лишени од слобода е и 23-годишен германски државјанин.

Полицијата приведе и 20-годишник кој ја прекршил претходно изречената судска мерка домашен притвор за кривично дело кражба. Тој се сомничи дека директно учествувал во незаконските активности за време на протестот на 24 октомври.

При претрес во домот на еден од уапсените дваесетгодишници, полициските службеници пронашле и одзеле одредено количество канабис.

Истрагата продолжува под надзор на Обвинителството во Тирана за целосно расчистување на настаните, утврдување на одговорноста и идентификување на останатите учесници вмешани во инцидентите.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?