Филипче кон платформерите: Вие сте ЗНАМ втор дел финансирани од ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини Платформата 12:05 дека се обидува да ја подели и ослаби партијата во интерес на власта. Одговарајќи на новинарско прашање, тој ја нарече „ЗНАМ втор дел“ и рече дека зад нејзиното дејствување стојат интересите на премиерот Христијан Мицкоски.

Филипче изјави дека претставниците на Платформата биле повикани на разговор, но дека нивната цел, според него, не е дијалог.

„Кога имаш намера да разговараш, ќе дојдеш да разговараш. Кога имаш намера да го делиш СДСМ, тоа ќе го правиш. И тие тоа го прават. Му должат на Христијан Мицкоски. Сите се купени од власта и одработуваат за нивни интереси“, обвини тој.

Лидерот на СДСМ го поврза нивното појавување со посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Тој оцени дека настапот на Платформата требало да го пренасочи вниманието од нејзините пораки за заштитата на македонскиот јазик и идентитетот, кои, според него, ги побиле тврдењата на Мицкоски.

„И му требаше некој да направи дефокус“, рече Филипче, обвинувајќи ја Платформата дека ѝ помага на власта да го оттргне вниманието од проблемите за кои е одговорна.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?