Ќе „фрчат“ тендери пред избори, нови правила усвоени во Собранието

Државните институции и општините ќе можат да трошат до 25.000 евра годишно за набавки без тендерска постапка, наместо досегашните 12.000 евра. Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки, со кои се удвојуваат и поединечните прагови за директно купување стоки, услуги и градежни работи.

Прагот за стоки и услуги се зголемува од 1.000 на 2.000 евра, а за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра. Лимитот од 25.000 евра е вкупен годишен износ по институција за набавките под овие прагови, а не дозволена вредност на еден договор.

Кај секторските договорни органи, годишната граница расте од 24.000 на 50.000 евра. За нив, поединечниот праг за стоки и услуги се зголемува од 2.000 на 4.000 евра, а за градежни работи од 10.000 на 20.000 евра.

Министерството за финансии ги образложува повисоките износи со растот на цените и потребата од помали административни трошоци. Посочува дека досегашните прагови биле утврдени во 2019 година. Институциите и натаму ќе мора да водат евиденција и да ги објавуваат податоците за потрошените средства преку Електронскиот систем за јавни набавки.

Пред усвојувањето, Центарот за граѓански комуникации предупреди дека повисоките лимити го зголемуваат обемот на јавни пари што може да се потрошат без примена на тендерските постапки и надзорот што тие го предвидуваат. Организацијата побара јавни консултации и антикорупциска проверка на измените, предупредувајќи на ризици за транспарентноста и контролата врз трошењето.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?