Францускиот Сенат усвои закон: Демонстрантите ќе плаќаат до 10.000 евра за штети

фото: принтскрин

Францускиот Сенат усвои предлог-закон со кој демонстрантите ќе сносат директна финансиска одговорност и казни до 10.000 евра за штета предизвикана за време на протести. Законодавниот дом, во кој мнозинство има десничарската и центристичка коалиција, го изгласа текстот со 229 гласа „за“ и 105 „против“.

Законот сега оди на расправа и гласање во Националното собрание, каде што политичките сили се значително поподелени.

Според предложените одредби, државата ќе може да конфискува социјална помош и додатоци за домување за да ја надомести настанатата штета од насилствата. Финансиски би одговарале и лица кои лично не уништувале имот, доколку се докаже дека свесно биле дел од група формирана со цел да врши вандализам.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез во парламентот порача дека реакцијата е итна по хаосот и уништувањата на последните протести. Тој изјави дека мнозинството граѓани повеќе не смее да ги плаќа штетите што ги прави малцинство вандали.

Законодавната иницијатива првично беше поднесена по немирите што избија во мај по финалето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен-Жермен и Арсенал. Текстот доби нов замав откако протестите поради социјална неправда и поскапувањето на животот на 17 октомври прераснаа во насилство, при што беа оштетени и ограбени илјадници деловни објекти.

Левичарските пратеници и организациите за човекови права остро се спротивставија на мерките. Од „Амнести интернешнал“ предупредија дека овие законски решенија ќе турнат маргинализирани семејства во уште подлабока сиромаштија.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?