Скопје ги собира новогодишните желби на децата, конкурсот почнува утре

Децата и младите до 18 години од Скопје од утре, 5 ноември, ќе можат да ги испраќаат своите новогодишни желби до Градот. Конкурсот „Скопје ги слуша детските желби“ ќе трае до 1 декември, а пристигнатите пораки ќе бидат дел од градските празнични содржини за пречекот на 2027 година.

За учество, покрај желбата, треба да се наведат името и презимето на детето и неговата возраст. Потребни се и името и презимето на родителот, неговата електронска адреса и телефонски број.

Кон пријавата задолжително треба да се приложи потпишана согласност. Образецот е достапен во рубриката „Конкурси“ на официјалната веб-страница на Град Скопје.

Желбите и потпишаната согласност треба да се испратат на електронската адреса Poddrskanagradonachalnik@skopje.gov.mk.

Од Градот најавуваат дека детските пораки ќе бидат вклучени во новогодишната програма, со цел најмладите да придонесат во создавањето на празничната атмосфера.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?