Александар Вучиќ, поранешниот претседател на Србија, сега од позиција на опозиција, се обидува на секој начин и по секоја цена да ја дискредитира победата на Студентска листа и повлекува паралели и споредби кои воопшто немаат основа.
Вучиќ во своите обраќања преку Инстаграм и ТикТок, го коментираше интервјуто на Андреас фон Бекерат, шефот на делегацијата на ЕУ во Белград.
Тврди дека Фон Бекерат рекол дека очекува Студентската листа да ги исполни ветувањата што им ги дала. Кои се тие, Бекерет не кажал прецизно, вели Вучиќ, па затоа тој сам ги пополни празнините: „усогласување“ на надворешната политика со ЕУ, што значи санкции за Русија, и нови обврски околу Косово, што значи прифаќање на веќе утврдениот меѓународен статус на Приштина.
Но, Вучиќ не запира тука. За да ги оправда овие свои толкувања, тој го посочува примерот со Северна Македонија, па вели: „Дали ве потсетува ова на нешто? Се сеќавате ли на таквите пофалби за владата на Зоран Заев, за Преспанскиот договор? Го сменија името на државата, направија сè, и на крајот не направија ништо“.
Се разбита за македонската јавност ова не е вест, туку неоснован конструкт на Вучиќ за да ги оправда сопствените погрешни политики кон ЕУ и кон вредностите што ги претставува Европа, на што се спротивставија масовно граѓаните на Србија и ги поразија со апсолутно мнозинство и политичка волја тоа што го претставуваше Вучиќ и Српската напредна странка.
Преспанскиот договор беше потпишан во 2018 година, името беше сменето во 2019, но Северна Македонија стана членка на НАТО во 2020 година и реализираше стратешка цел која беше заедничка за огромно мнозинство граѓани.
И Вучиќ склучуваше и потпишуваше разни Бриселски и Охридски договори, но не обезбеди никаков напредок од тоа за својата земја, за разлика од тоа што Македонија исполни една своја стратешка цел.
Точно е дека патот кон ЕУ беше блокиран, но тоа беше заради една членка на унијата, а со силна поддршка на опозицијата во Македонија, односно ВМРО-ДПМНЕ, иако процесот беше доведен до самиот старт на отвораее на поглавјата на преговорите за пристапување.
Она што го премолчува Вучиќ и го кажува она што само нему му одговара кога си „ги лиже раните од поразот“ е дека после 2017 година, Македонија влезе во силен процес на демократизација на земјата која беше прогласена за „заробена држава“. Тоа што тој за Србија никогаш не го направи.
Еве некои од тие политики за споредба на меѓу Македонија на Заев и Србија на Вучиќ:
Слобода на медиумите и јавен простор наспроти медиумски монопол
За време на Заев, Македонија забележа значаен скок на меѓународните индекси за слобода на изразување (Reporters Without Borders) со намалување на државниот притисок врз новинарите.
Во Србија под Вучиќ, клучните национални телевизии и таблоиди беа под цврста контрола на власта, додека независните медиуми крајно маргинализирани.
Транспарентност и отвореност на владата (Open Government)
Македонија се искачи на врвот во регионот според индексите за отворени податоци и пристап до информации од јавен карактер.
Во Србија, финансирањето на капиталните проекти и државните договори (со Кина и Русија) често се одвиваше под велурот на тајност.
Реформа и департизација на безбедносниот сектор
Со укинување на УБК и формирање на АНБ и ОТА се прекина децениската пракса на масовно илегално прислушување.
Во Србија, безбедносните служби служеа како лост за притисок врз политичките противници.
Регионално помирување без запалива реторика
Македонија водеше политика на проактивно решавање на отворените соседски прашања без националистичка реторика.
Во Србија, властите редовно користеа подгревање на регионални тензии со соседите за внатрешнополитички потреби.
Автономија и слобода за граѓанскиот сектор (НВО)
Граѓанските организации во Македонија беа директно вклучени во креирањето политики и закони.
Во Србија, невладиниот сектор и критичките активисти беа мета на организирани медиумски хајки и притисоци.
Инклузивен дијалог со синдикатите
Владата воведе пракса на директни преговори за минималната плата, студентскиот стандард и работничките права со сите засегнати страни.
Во Србија, економските одлуки се донесувааа популистички и од еден центар на моќ.
Слобода на протести без државна репресија
Граѓанските протести и демонстрации во Македонија се одвиваа без полициски притисоци, апсења на студенти или медиумски прогон на учесниците, за разлика од практиките со кои соочуваа еколошките и студентските протести во Србија.
Изедначување на домашните и странските инвеститори
Со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, владата на Заев за првпат им овозможи на домашните мали и средни претпријатија да добиваат исти државни субвенции како и странските инвеститори.
Во Србија, најголемиот дел од директните државни субвенции и погодности останаа резервирани претежно за големи странски корпорации.
Фискална транспарентност („Отворени финансии“) наспроти тајни договори
Македонија го воведе порталот „Отворени финансии“, овозможувајќи увид во секоја единечна трансакција од државниот трезор.
Во Србија под Вучиќ, клучните мега-инфраструктурни и капитални проекти (со партнери од Кина, Русија и ОАЕ) се склучуваа преку директни меѓудржавни спогодби зад затворени врати, заобиколувајќи ги законските процедури за јавни набавки.
Зелена енергетска транзиција наспроти еколошки ризични инвестиции
Македонија започна забрзана стратегија за премин кон обновливи извори на енергија (фотоволтаични централи на поранешните ископи за јаглен) усогласена со ЕУ Зелениот план.
Во Србија, економскиот фокус донесе привлекување на тешка и еколошки спорна индустрија (како фабриката за гуми Линглонг, најавите за ископ на литиум и нови термоелектрани), што предизвика масовни граѓански и еколошки протести.
Револуција во социјалните политики
Во Македонија социјалната помош се зголеми за 300%, беше воведена социјална пензија за стари лица, а детскиот додаток беше темелно реформиран со тројно зголемување.
По глава на жител, Македонија во периодот 2017–2022 година изгради/реновираше повеќе од двојно повеќе јавни градинки во споредба со Србија.
Македонскиот модел беше фокусиран на географска покриеност (децентарилизација во руралните средини), додека Србија го стави тежиштето на партнерството со приватниот сектор во поголемите урбани центри како Белград и Нови Сад.
Треба да се има сето ова предвид за да се сфати контекстот на потребата на Вучиќ за неговата потреба подло да ги извртува фактите за да ги оправда сопствените губитнички политики и шамарот што го доби од народот во Србија.

