Русе Арсов заминува по 30 години во МКЦ „Се сведовме на месен дом на култура“

ФОТО: ТелмаТВ

Русе Арсов, продуцент, раководител на драмската програма во Младинскиот културен центар и извршен директор на фестивалот Млад отворен театар, поднел оставка на 2 ноември по 30 години работа во институцијата. Заминувањето го образложува со остри критики за губењето на публиката, идентитетот и луѓето што го создавале МКЦ.

Одлуката доаѓа непосредно пред почетокот на 51. МОТ, околност што, според Арсов, дополнително ја отежнува разделбата. Тридецениската поврзаност со МКЦ ја опишува како разделување од својата најголема љубов.

Арсов оценува дека институцијата ја изгубила регионалната културна улога и се свела на месен дом на култура. Во објавата зборува за изгубена надеж, публика и генерации млади луѓе, а упатува критики и кон партиските логики и заобиколувањето на правото и законите. Нагласува дека вработените сакаат да работат, да создаваат и да покажат што знаат.

Арсов беше директор на МКЦ од 2018 до декември 2021 година. При тогашното повлекување од директорската функција соопшти дека останува во институцијата и дека ќе помогне во подготовките за нејзиниот 50-годишен јубилеј.

Неговото сегашно заминување следува по написите за проблемите со основните услови за одржување на програмата. СДК.МК на 20 октомври објави дека МКЦ нема функционално парно греење и тоалети за публиката, а посетителите на отворањето на фестивалот „Киненова“ седеле во зимски јакни.

Според тогашните информации од вработените, за поправка на системот за греење била потребна замена на вентил во вредност од 300.000 денари, средства што институцијата не можела да ги обезбеди. Во тој период во МКЦ се подготвувале повеќе филмски и театарски фестивали, меѓу кои и МОТ.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?