Мицкоски најави дека нашол купец за Алта Банка

Алта банка нема да оди во стечај, туку ќе добие нов сопственик преку продажба на акциите на берза. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи дека јавната аукција се очекува кон крајот на ноември или на почетокот на декември.

Според премиерот, Народната банка и Владата целосно ја контролираат состојбата и ги користат сите законски механизми за надминување на кризата со финансиската институција.

Мицкоски посочи дека веќе постои сериозен интерес од инвеститор и оти целта е банката да продолжи непречено да функционира со нов сопственик. Процесот ќе се реализира преку берзанска аукција за отуѓување на акциите, која треба да се одржи во следните неколку недели.

Во својата изјава, тој ги отфрли критиките на опозицијата и нагласи дека тврдењата за неизбежен стечај биле обид за создавање паника. Мицкоски додаде дека институциите постапуваат транспарентно и порача дека нема пречки Јавното обвинителство да отвори истрага доколку постојат сомневања за какви било неправилности во работењето на банката.

Надлежните институции во изминатиот период воведоа принудна управа во Алта банка по случувањата со матичната банка во Србија, со цел заштита на средствата на клиентите и стабилноста на домашниот банкарски систем. Со најавената продажба, очекувањата се банката целосно да ја стабилизира својата ликвидност и да продолжи со редовните операции.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?