Краткометражниот игран филм ,,Кучињата немаат соништа” на Ханис Багашов ја доби наградата за најдобар краток филм во меѓународната конкуренција на 27-мото издание на фестивалот за краток филм во Измир, Турција.
Филмот имаше четири проекции, а на фестивалот беше присутен кинематограферот на филмот, Фејми Даут.
,,Кучињата немаат соништа” ја имаше светската премиeра на овогодинешниот Сараевски филмски фестивал, домашната на ,,Браќа Манаки”, а беше во натпреварувачките програми и на 48 – мото издание на Синемед во Франција и 24 – тото издание на Тирана Филм Фестивал.
Филмот е подржан од Агенцијата за филм на РСМ, во продукција на Hithra Films и ко- продукција на Етерна Филмс од Бугарија и Казабланка од Словенија. Дистрибутер е Lights On.
Главните улоги ги толкуваат Ера Балај и Дениз Рустеми, а играат и Илире Винца, Рефет Абази, Ментор Курти и Греса Фаризи.
Режисер, сценарист и продуцент е Ханис Багашов, директор на фотографија е Фејми Даут, монтажата е на Касијана Ангелова, музиката на Арта Абази, костимите и сценографијата на Елена Билбилоска, дизајн на звукот на Дарко Спасовски.

