Има ли предистрага за Алта банка? Обвинителството вели дека го следи случајот

обвинителите

Обвинителството ги следи случувањата со Алта банка, но за да заземе став му требаат конкретни факти и докази, изјави новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи-Василева. Нејзината изјава доаѓа еден ден откако државниот јавен обвинител Ненад Савески пред пратениците не откри дали е отворена предистражна постапка.

„За да имате обвинителски став, мора да располагате со конкретен материјал и факти“, рече Хаџи-Василева, пренесе „Фокус“. Таа додаде дека посериозни индиции или основи за сомневање би ја смениле процената за натамошно постапување.

На надзорната расправа во Собранието, пратеникот Миле Талески го праша Савески дали е оформен предмет за Алта банка и дали се преземаат предистражни дејствија. Савески се повика на законската тајност на предистражната постапка и рече дека Обвинителството постапува кога ќе утврди елементи на кривично дело.

Побарало ли Обвинителството податоци од Србија?

На прашањето дали ќе побара информации од српското обвинителство за организиран криминал, Хаџи-Василева рече дека соработката со колегите од други држави е редовен дел од работата. Таа не кажа дали за Алта банка веќе е испратено барање. Савески на 5 ноември изјави за „Телма“ дека до тој ден македонското Обвинителство не побарало известување за тамошната истрага.

Народната банка на Србија на 30 октомври ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка Белград, мнозинскиот акционер во Алта банка Битола. Македонската Народна банка на 1 ноември воведе администрација во битолската банка, а на 3 ноември судот во Белград отвори стечај за српската банка.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?