Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

НАТО ги договори плановите во случај на руски напад: Можеме веднаш да војуваме

Сојузниците на НАТО постигнаа договор за регионалните планови во случај на руски напад. Со децении, западната воена алијанса не гледаше потреба да се договори за големи одбранбени планови и долго време сметаше дека постсоветска Русија повеќе не претставува закана.

Но, сега земјите-членки одлучија дека мора да имаат разработен план во случај на конфликт со Москва. Турција го блокираше одобрувањето на плановите поради прашања за географски локации како што е Кипар, но членките на НАТО на крајот постигнаа договор, пишува Ројтерс.

Поради финансирањето на овие планови, лидерите се подготвени да ги зголемат целните воени трошоци, со што сегашните 2% од националниот БДП стануваат минимално барање.

Претставниците на НАТО проценуваат дека ќе бидат потребни неколку години за спроведување на плановите, иако нагласуваат дека доколку е потребно, Алијансата може веднаш да тргне во војна.

Зачлени се на нашиот е-билтен