Според утринскиот извештај на украинскиот Генералштаб објавен на 14 ноември 2026 година, во последниот ден руската армија загубила и 19 оклопни борбени возила, два повеќецевни ракетни фрлачи, четири копнени роботски системи, како и 302 воени возила и цистерни за гориво. Бројот на уништени системи за противвоздушна одбрана остана непроменет на 1.756 единици, додека кај специјалната опрема бројката се задржа на 4.905.
Кумулативните податоци што ги објавува Киев покажуваат дека од почетокот на целосната инвазија врз Украина до 14 ноември 2026 година, руските сили останале без 12.478 тенкови, 25.750 оклопни борбени возила и 52.355 артилериски системи. Воедно, вкупните загуби на повеќецевни ракетни фрлачи изнесуваат 2.273, на копнени роботски системи 3.140, а на воени возила и цистерни 174.609 единици.
Во воздушната и поморската компонента во изминатите 24 часа не се евидентирани нови промени, освен кај беспилотните летала каде вкупниот број уништени оперативно-тактички дронови се искачи на 607.531. Загубите на руската авијација остануваат на 452 авиони и 356 хеликоптери, крстосувачките ракети на 5.196, а кај поморските капацитети се евидентирани 35 бродови и чамци и две подморници.
“Let life happen to you. Believe me: life is in the right, always.” Rainer Maria Rilke The combat losses of the enemy from February 24, 2022 to November 14, 2026. https://t.co/qox1kG16NK
— Defense of Ukraine (@DefenceU) November 14, 2026
Најинтензивни борби во изминатото деноноќие се воделе на правецот кај Покровск, каде украинските сили одбиле 47 руски напади од вкупно 273 регистрирани судири долж линијата на фронтот. Дополнително, 15 напади биле забележани на правецот кај Лиман, а по 11 на правците кај Костјантинивка и Хуљајполе.
Извештајот за загубите на фронтот доаѓа по претходните напади со украински дронови врз руски рафинерии за нафта, кои сочинуваат околу 55 отсто од производството на бензин во земјата. Енергетски експерти предупредија дека резервите на бензин во Русија би можеле да траат само една недела, што го зголемува ризикот од повторен недостиг на гориво.

