Како скандалозно е оценето тврдењето на Павле Трајанов, дека зад Ива Михаилова стојат бугарските тајни служби

Трајанов
Колаж од фотографии: Фокус.бг

Бугарските медиуми како скандалозно го оценија тврдењето на поранешниот министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија – Павле Трајанов, кој во интервју за „Фокус“ рече дека е убеден дека Бугарија како држава стои зад бегството на Ива Михајлова од Кочани и дека тоа било добро организирано и спроведено со намера да биде успешно.

„Најновите информации укажуваат дека бугарските служби стојат зад целиот овој случај. Бугарија е директно вклучена и во подготовката и во нелегалното преминување на границата. Ова е повеќе од јасно. Начинот на кој Михајлова беше пречекана – со огромно медиумско присуство и изјавите на раководството на земјата – покажува дека целата оваа афера е добро организирана, подготвена и има за цел да биде провокација“.

Ова е тврдењето на Павле Трајанов коешто го премесуваат бугарските медиуми.

„Ова е уште една провокација од Бугарија кон Република Македонија“, изјави Трајанов во видео интервју за македонскиот медиум „Фокус“, додавајќи дека ова ќе биде потврдено со дополнителни истраги што се во тек.

Според него, фактот што актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски експлицитно побарал да се отвори случајот е доволен доказ дека немало договор меѓу владите на Македонија и Бугарија за нелегалниот транспорт на Михајлова.

„Нашите безбедносни служби мора да дадат одговор за тоа како точно се одвивале настаните. Тој уверува дека може да се најде трага, ако не од нешто друго, тогаш барем од користењето на мобилниот телефон, што ќе ни овозможи да ја утврдиме траекторијата на движењето на Михајлова и дали таа поминала низ официјален или неофицијален граничен премин.“

Од друга страна бугарски ФОКУС.бг потсетува дека претходно Ива Михајлова повторно била во центарот на вниманието откако Станислав Цанов објави снимка од разговор со Ива Михајлова на својот Фејсбук профил. Во непотврдена автентична снимка, таа тврди дека ДАНС, бугарската национална агенција за безбедност ѝ се заканувал дека ќе остане без третман и рехабилитација ако прво не се појави во емисијата на Мартин Карбовски пред да даде какви било понатамошни интервјуа.

Агенцијата за национална безбедност (ДАНС) ги негираше обвинувањата за притисок и закани врз Михајлова. А таа самата извести дека „никој во Бугарија не ја присилил да направи ништо“.

Мартин Карбовски во емисијата „Утро во фокус“ ​​на Радио ФОКУС изјави:

„Судбината на Ива Михајлова е многу тешка. Во моментов таа е опкружена со разни влијанија – и од македонските служби, и веројатно од нашите, и од секакви други. Секако, таа не може да го знае ова. Очигледно некој ѝ се претставил како вистински агент, но ниту еден агент не открива друг агент – тоа се детски клубови и цртани филмови“.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?