Нема крај на проблемите во МВР со здравствено осигурување

кривична

Вработени во МВР повторно се соочуваат со проблем со здравственото осигурување, а институциите сè уште бараат начин да го спречат неговото повторување. Фондот за здравствено осигурување соопшти дека причината е дополнително пријавување вработени за претходен период врз основа на судски одлуки, поради што треба да се усогласат пресметките и уплатите на придонесите.

За состојбата реагираше Независниот синдикат на полицијата, кој тврди дека се засегнати околу 11.000 семејства. Синдикатот бара итно решение, нагласувајќи дека средствата за здравствено осигурување редовно се издвојуваат од платите. ФЗО во денешното соопштение не го прецизира бројот на засегнати осигуреници.

Од Фондот објаснуваат дека осигурителниот статус се утврдува автоматски, преку податоците за пријавите и платените придонеси што електронски ги добиваат од Управата за јавни приходи. Нагласуваат дека не вршат рачно исклучување на осигуреници и дека истиот механизам важи за сите работодавачи, вклучително и државните институции.

На иницијатива на ФЗО е формирана меѓуинституционална работна група. Досега се одржани неколку состаноци на кои се разгледуваат решенија за актуелниот проблем и за обезбедување непречено осигурување во иднина.

Сличен прекин имаше и во август годинава. На 11 август МВР и ФЗО соопштија дека состојбата е нормализирана, а и тогаш најавија системско решение.

Фондот признава дека повторувањето на проблемот предизвикува оправдана загриженост кај вработените и нивните семејства. Во денешното соопштение, сепак, не е наведен конкретен рок до кога осигурувањето ќе биде целосно нормализирано.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?