Бугарија ќе ја води изградбата на Деве Баир, Софија одобри нацрт-протокол

„Македонија“
Фотографија: Од Edal Anton Lefterov — сопствено дело, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=29257352

Бугарската влада одобри нацрт-протокол според кој Бугарија треба да ја организира изградбата на целиот железнички тунел Деве Баир, вклучително и делот на македонска територија. Документот предвидува Софија да ги спроведе јавните набавки за изградба и да биде одговорна за градежниот надзор.

Одлуката е донесена на 18 ноември, а нацртот е одобрен како основа за преговори. Протоколот допрва треба да го потпишат министрите за транспорт на двете земји, по што следуваат постапките за негово одобрување и влегување во сила.

Тунелот е проектиран во должина од 2.383 метри. Од нив, околу 1.189 метри се на македонска, а 1.194 метри на бугарска територија. Точната должина и техничките параметри ќе бидат утврдени со конечниот проект.

Објектот треба да ги поврзе железничките мрежи на Македонија и Бугарија меѓу Крива Паланка и Ѓуешево, како дел од Коридорот 8. Секоја држава ќе остане сопственик на делот од тунелот на својата територија.

Основниот меѓувладин договор беше потпишан на 6 ноември 2025 година, а стапи во сила на 4 март годинава. Во најновото соопштение нема наведено цена на тунелот, датум за почеток на изградбата или рок за пуштање во сообраќај.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?