Битиќи: Владата манипулира, реалноста за буџетот е една милијарда доспеани долгови, две милијарди ново задолжување

Битиќи

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на комисиската расправа за Предлог буџетот за 2027 година, нагласи дека претставувањето на планираното задолжување од 125 милијарди денари за следната година, како враќање на долгови наследени од претходната власт е уште еден обид на Владата да манипулира со фактите.  Битиќи појасни дека и во самиот Предлог буџет јасно се гледа дека од вкупната сума, само 500 милиони евра се однесуваат на еврообврзницата издадена во 2023 година, додека останатите обврски произлегуваат од задолжувањата направени во изминатите две години од Владата на ВМРО, вклучително и од потребите за финансирање на буџетскиот дефицит. 

„Рековте дека државата во 2027 треба да врати 125 милијарди денари. Да ги видиме фактите. Еве ја табелата, а заменик министерот за финансии многу добре знае, на страна 16 и 17 од буџетот ви ги пишува. Во 2027 имате една евроврзница да вратите од 500 милиони евра. Или во проценти тоа е вистина 48% од тоа што треба да вратите. Но, од  500 милиони до 2 милијарди е многу далеку. Следно треба да вратите државни хартии вредност со краткорочна доспеаност 2 и 3 години. Вие сте,  толку, трета година влегувате. Сега прашањето е дали сте земале во април, па ја враќете во април, или дали сте земале во јуни, па ја враќете во јуни. Ова е реалноста. Една милијарда доспеани долгови, две милијарди задолжување. Тоа е реалноста за буџетот“, потенцираше Битиќи, осврнувајќи се на планираното задолжување за 2027 година и структурата на обврските што државата треба да ги подмири.

Во образложението, Битиќи појасни дека во планираната отплата на долгот се вклучени и државни хартии од вредност со рок на доспевање од две до три години, како и обврски кон меѓународни финансиски институции – кредити кои сега доаѓаат за отплата.

Притоа, Битиќи укажа дека Владата планира ново задолжување од околу две милијарди евра, а не само рефинансирање на стари долгови.

„И, на крај, еве ги 125 милијарди. 45 милијарди за дефицит, 65 милијарди да го вратите долгот и 14,9 милијарди ги ставате во депозит. За тие кои што знаат да читаат, кога ќе ставите настрана 14,9 милијарди, тоа се приближно 250 милиони евра, да ги оставите за да ви подобрат ликвидноста кога ќе ви притребаат пари во функционирањето на буџетот“, рече Битиќи.

Тој посочи дека задолжувањата со скапи кредити, ја чинат државата и одлив на повеќе пари по основ на камати. 

„За долг од 46,5 милијарди денари, враќате камата од 12 милијарди денари. За внатрешен долг од 18 милијарди, враќате 12 милијарди камати. За која каматна стапка зборувате?“, рече Битиќи.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?