Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тензична атмосфера околу изборот на Јовески за уставен судија

Во тензична атмосфера денеска продолжи расправата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

На почетокот на седницата неколкумина членови на Комисијата се пријавија за процедурална забелешка. Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ побара седницата да биде прекината, да се даде пауза или да се повлече точката од дневниот ред. Таа оцени дека однесувањето на претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, ја оправдува интерпелацијата што пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја поднесоа за неа.

Претседателката на Комисијата, Георгиевска не ги прифати предлозите на Пешевска, нагласувајќи оти не гледа ништо спорно во тоа да продолжи расправата, бидејќи ова е 23 продолжение на комисиската седница. Георгиевска додаде дека предлогот за кандидат за уставен судија е поднесен од страна на членови и таа не може да го повлече. Во однос на интерпелацијата, таа посочи дека доколку се утврди од страна на пленумот дека го прекршила Деловникот ќе има и последици.

Георгиевска побара од членовите да бидат коректни и да ја продолжат расправата.

– Ја знам вашата класична стратегија за блокада, нема да ви помине ова, нагласи Георгиевска.

Понатаму Пешевска уште еднаш побара пауза, по што настана расправија меѓу членовите, а Георгиевска даде пауза од 15 минути.

Зачлени се на нашиот е-билтен