СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари

Животот на граѓаните поскапува, стандардот опаѓа, реагираат од опозициската СДСМ.

СДСМ реагира на последните податоци на ССМ кои покажуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември достигнала 70.827 денари, за 469 денари повеќе од претходниот месец.

„Со кирија за стан кошничката е дури 90 илјади денари и ниту три минални плати не ја покриваат.

Само за храна и пијалоци на едно семејство му се потребни дури 26.000 денари месечно.

Од почеток на 2027 година се најавуваат и нови поскапувања на струјата и на парното што ќе биде уште еден удар во и така нискиот стандард на граѓаните.

Народот едвај врзвува крај со крај, затоа што платите не ги следат поскапувањата. 

Наместо конкретни мерки и решенија за намалување на цените и помош на ранливите, владата на Мицкоски не прави ништо, граѓаните се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци и сè потешкиот крпен живот.

Организираната криминална група одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, нема пари за работниците, нема пари за земјоделците, нема пари за поголем студентски оброк. Пари има само за тендери.

Арамиската власт на Мицкоски ги осиромашува граѓаните додека им трупа нови долгови на грбот на наредните генерации. 4 милијарди евра за 2 години и уште 2 милијарди евра нови долгови за 2027 година кои се најавуваат.

Парите одат само за криминални тендери а не за граѓаните кои се со празни паричници и празни фрижидери“ се наведува во соопштението на СДСМ.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?