Клупскиот фудбал се враќа: Арсенал на тест во Њукасл, Севилја и Бетис во градско дерби

По репрезентативната пауза, денеска продолжуваат натпреварите во најсилните европски фудбалски лиги. Саботната програма носи гостување на Арсенал кај Њукасл, градско дерби меѓу Севилја и Бетис и домашен дуел на Реал Мадрид против Селта.

Во Премиер лигата денот го отвораат Манчестер сити и Фулам во 13:30 часот. Од 16 часот Челси го пречекува Лидс, Тотенхем игра против Ипсвич, Астон вила против Сандерленд, Борнмут против Нотингем форест, а Ковентри против Кристал палас.

Најголемо внимание привлекува вечерниот натпревар на „Сент Џејмс парк“, каде што Њукасл го пречекува Арсенал од 18:30 часот.

Во Шпанија, посебен набој носи дербито Севилја – Бетис, закажано за 18:30 часот. Реал Мадрид ќе ја пречека Селта од 21 часот, додека претходно играат Алавес – Депортиво од 14 часот и Рајо Ваљекано – Валенсија од 16:15 часот.

Италијанската Серија А нуди четири средби. Комо – Калјари и Лацио – Лече почнуваат во 15 часот, Рома гостува кај Парма од 18 часот, а вечерната програма ја затвораат Наполи и Торино од 20:45 часот.

Во Бундеслигата, Борусија Дортмунд гостува кај Борусија Менхенгладбах од 15:30 часот. Во истиот термин се играат Леверкузен – Падерборн, Унион Берлин – Лајпциг, Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм и Елверсберг – Фрајбург. Од 18:30 часот Шалке го пречекува Штутгарт.

Во Франција, ПСЖ гостува кај Ница од 17:15 часот. Од 20:45 часот следуваат Лил – Лион, Монако – Оксер, Ленс – Тулуз и Стразбур – Брест.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?