Една близначка осудена на смрт, другата на децении затвор во Иран

Иранските близначки Таране и Ромина Рахими, уапсени по јануарските антивладини протести во Исфахан, се соочуваат со смртна и долгогодишна затворска казна. Нивното семејство изнесе нови обвинувања за тортура и сексуално насилство во притвор, додека организациите за човекови права предупредуваат на продолжување на егзекуциите на демонстранти.

Нивниот роднина Масуд Нурмохамади, кој живее во САД, за Фокс њуз дигитал тврди дека службеникот кого сестрите го обвиниле за злоставување подоцна бил назначен да ја разгледува нивната пријава. Според неговото сведоштво, истиот службеник ја отфрлил пријавата против припадници на Револуционерната гарда.

Фокс њуз дигитал наведува дека не ги потврдил независно овие обвинувања и немал увид во судските документи.

Според податоците на организацијата HRANA, пренесени во извештајот, Таране добила смртна казна и дополнителни 11 години затвор, а Ромина вкупна затворска казна од 36 години. Сестрите се меѓу 16 обвинети во предметот познат како „Плоштад Шохада“, поврзан со протестите во Исфахан.

Нурмохамади тврди и дека здравјето на сестрите е нарушено и дека не ја добиваат потребната медицинска помош. Семејството бара правна поддршка за оспорување на пресудите.

Нивниот случај е дел од поширокото предупредување на организацијата Iran Human Rights. Во извештајот од 16 ноември таа документира најмалку 121 случај на демонстранти што добиле смртни пресуди по јануарските протести. Меѓу нив се шест жени и најмалку пет лица што биле малолетни во времето на делата за кои се обвинети.

Организацијата појаснува дека дел од пресудите подоцна биле укинати или предметите биле вратени на повторно судење. Проверувањето на актуелниот статус е отежнато поради недостигот од транспарентност и притисоците врз семејствата и адвокатите.

Според истиот извештај, од 18 март биле егзекутирани 41 демонстрант, од кои 39 биле поврзани со јануарските протести. Iran Human Rights бара запирање на егзекуциите и меѓународен притисок врз иранските власти, предупредувајќи на признанија изнудени со тортура и сериозни повреди на правото на правично судење.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?